четврток, 12 ноември 2026
Најново

Жерновски отповикан од должноста амбасадор на Македонија во Романија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поранешниот градоначалник Андреј Жерновски денеска откри дека е отповикан од должноста амбасадор на Македонија во Романија.

Како што вели, одлуката ја дознал преку Службен весник.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Уште не можат да ги преболат трите круга и поразот во Центар. Од објава во Службен Весник дознав дека сум отповикан од должноста амбасадор на нашата земја во Романија, без никаква претходно добиена информација, што е спротивно на основните процедури пропишани во Уставот и Законот. Трагикомично! По 192 дена откако ме вратија на “консултации” во државата, при што брутално е погазен Законот за Надворешни работи, оваа одлука ја дознав сосема неофицијално. Очигледно, партиското резонирање повторно е посилно од законите и дипломатијата“, пишува тој.

Поврзани вести