Сопственикот на Пинк Медиа Груп, Жељко Митровиќ, одговори на шпекулациите за затворање на ТВ Пинк, неколку дена откако објави отпуштање на околу илјада работници.
На прашањето на водителот на емисијата „Хит Твит“ за најавите за затворање на Пинк, Митровиќ одговори дека мора да кажат кој Пинк, бидејќи „ги има 80“.
„Тоа е само бренд, телевизијата е програма, а не нејзин бренд. Не е толку лесно“, рече Митровиќ.
Тој не даде детали за можните промени, ниту потврди дека Пинк може да престане да емитува.
Митровиќ минатата недела на Инстаграм објави дека ги распуштил сите ансамбли на театарот „Одеон“, оставајќи 150 луѓе без работа. Тој додаде дека целиот систем ќе мора да отпушти околу илјада работници од десетина компании.
„Еден од најтешките денови во мојот живот. Полн со емоции, љубов, топлина и разбирање, ги распуштив сите ансамбли во театарот Одеон, 150 луѓе ги загубија своите работни места. Ќе морам да отпуштам околу илјада луѓе во целиот систем, всушност од десетина компании кои сè уште не ја достигнале „зелената гранка“. Се гледаме, драги пријатели, во некои подобри времиња! Вашиот Жекс ве сака“, напиша тој.
The post Жељко Митровиќ за затворањето на Пинк: Не е толку лесно appeared first on Во Центар.



