Живи и здрави сме- штипјанката Стефани Јовановска изнервирана од муабетите откако нејзиниот сопруг Бојан е позитивен на Ковид-19

Короната ќе ја надминеме, но нашата простотија и злоба тешко, ова е една од речениците која кај нас најмногу се кажува откако светот го зафати пандемија со Коронавирусот. Дека ова реченица не е за џабе кажана, на свој грб почувствува семејството на Бојан и Стефани Јовановски од Штип. Бојан, поради работното место, се заразил со Ковид-19 и сега со сопругата Стефани и нивното мало дете се во самоизолација.
Да бидеш заразен воопшто не е страшно, страшно е да знаеш дека си заразен и да не го почитуваш протоколот, па да заразиш други. Јовановски не се од таа категорија луѓе, бидејќи, како што вели Стефани, откако на шести април дознале, веднаш се ставиле во самоизолација. Но, мирот им го нарушуваат озборувањата кои доаѓаат до нив и им го нарушуваат спокојството, кое и онака е нарушено со стравот за нивното здравје и здравјето на нивното семејство.


Стефани со малиот Максим нацртаа виножито со порака „се ќе биде добро“ и залепија на прозор
Изнервирана од целата состојба Стефани се одлучи да се обрати на јавноста преку нејзиниот Фејсбук профил, во кој меѓу другото вели дека никогаш не се знае кој е следнот. Стапивме во контакт со Стефани и таа се сложи обраќањето во целост да го пренесеме на ммс.мк, со цел за да ја подигнеме јавната свест и емпатија, бидејќи во лудата приказна наречена-Корона, сите сме еднакви.
Еве што вели Стефани во постот кој ви го пренесуваме во целост:
Стефани и Бојан со нивното синче за новогодишните празници
„Прво ќе почнам со-да, Бојан Јовановски мојот сопруг е позитивен на Ковид-19. Нема симптоми, ниту имал. Во самоизолација е од кога дознавме дека е позитивен. Со сопругот секогаш сме си биле поддршка и во оваа борба исто ќе издржиме заедно. Му благодариме на Господ што сме добро, на нашите родители и на сите кои отвораат уста за да ни дадат подршка и се грижат за нас. А сега благодарам двапати на тие што отворате уста за да не озборувате, ширите дезинформации затоа што сега гледаме кои ни се вистински роднини и пријатели. Како викаат- во неволја ќе познаеш кој е со тебе. Ниту сме биле по ризични земји, нити сме биле надвор да се шетаме уште откако е почната епидемијата, едноставно вирусот се шири со толкава брзина што не сте ни свесни а мојот сопруг работи па тоа и се очекуваше. Сите што се надвор се изложени и не знам зошто се дигна толку врева. Ама секое чудо за три дена. Гледам дека одеднаш на сите ви е важно тоа па се распрашувате по трети лица.Не сме ни должни да даваме отчет на сите небитни како и до сега ама заради тоа што премногу ги мешате нашите родители сакам да го разјасниме и тоа. Не се заразени, не се позитивни, во самоизолација се, бидејки е таков протоколот. Не мешајте баби и жаби, кој како и од каде е заразен, бидејќи тоа не е ваша работа. Има лекари, епидемиолози и полиција која ја контролира целата работа. Сите вие кои имате контактирано со Бојан сте контактирани и од докторката од Штип. Не можам да разберам зошто некои си даваат за право да ми се јавуваат , пишуваат или нам или на нашите родители и да не не оставите на мир, кога не немате видено, ниту, пак, сме имале контакт со вас. Или пак што мешате други луѓе што немат допирна точка со нас. Да не се нервирате случајно за нас или за нашите мајки и татковци? Живи и здрави сме драги паразити и трачари и истото го посакуваме на секој што ќе му се случи ова. А на сите ќе ви порачам- да си гледате пред вашите врати бидејќи никој не знае дека утре можеби да е следниот. Не сте свесни. И за крај, психата е многу лоша работа. Место да ширите секакви дезинформации помислете си како се чувствуваат тие луѓе, ако воопшто имате совест и душа. И не ги вознемирувајте веќе. Затоа што сите дома си имате родители па помислете како би ви било во вас да вперат со прст! Дали се чувствуваме виновсни? Не. Дали треба? Не. Зошто? Ниту имаме излезено, како некој од вас, да се журкаме со 10 души по дома, ниту сме биле некаде на излети, затоа што имаме мало дете на кое мислиме цело време. Ниту, пак, од моментот кога дознавме дека Бојан е позитивен сме ја прекршиле самоизолацијата. Ниту, пак, сме го донеле вирусот. На секој може да му се случи, секој се чува максимално но, доаѓа кога најмалку се надеваш и тие што работат се уште знаат како е! Можам само да кажам големо благодарам на Господ што не чува сите, благодарам на нашите родители што секогаш се со нас и нека се живи и здрави. Благодарам на лекарите, на маркетите, што не снабдија со намирници без проблем и без критика, туку човечки и со душа! Благодарам на неколкуте искрени пријатели што ни се поддршка! На тие да се огледате! Друго да не ве интересира, не се правите новинари за туѓ живот. Ако после ова имате право уста да отворите, тогаш нека ви служи на чест. Значи дури и во вакви моменти сте родени само за омраза, озборување и уништување. Оставете не на мир, не отежнувајте и не долевајте сол на рана…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.