Жидас Даскаловски лажно се претставувал дека е советник на претседателката Гордана Сиљановска, дознава Инфомакс од сопствени извори, откако Даскаловски во јавноста изнесе ставови за укинување на Преспанскиот и Бугарскиот договор претставувајќи се како советник на Претседателката.
Договорот на Даскаловски во кабинетот на Сиљановска е истечен на 31 декември 2024 година, велат извори на Инфомакс.
„Заветна, горда Македонија беше повик за акција кој досега го немаше. Преспанскиот договор е неодржлив за нас Македонците. За да го раскине, Владата треба да има и план и моќ тоа да го стори, или во најмала рака да се договори со Грција за негово модифицирање со, на пример користење на Република Македонија дома, но и надвор (би било значи Republic of Makedonija)“ повикува Даскаловски во неговото интервју за МКД.мк.
Инаку Инфомакс претходно објави дека Даскаловски е бугарски државјанин.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.