четврток, 12 ноември 2026
Најново

Жирона не успеа да го намали заостанувањето зад Реал

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај


Фудбалерите на Жирона не успеаја да го намалат заостатокот зад лидерот на табелата Реал Мадрид, откако загубија во последниот натпревар од 25. коло на Примера кај Атлетик Билбао со 2:3.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Откако „кралскиот клуб“ ремизираше 1;1 на гости кај Рајо Ваљекано, Жирона имаше моќност да ја преполови негативата на три бода со победа на секогаш тешкиот за гостинските екипи „Сан Мамеш“.

Сепак, гостите го претрпеа вториот последователен пораз, продолжувајќи ја низата без победа на три кола.

Атлетик поведе во 2. минута со голот на Алекс Беренгер, израмни Виктор Циганков во 49. минута, но седум минути подоцна Беренгер го врати домашниот тим во нова предност. Баскискиот тим дојде на чекор до победата во 60. минута кога Инаки Вилијамс го постигна третиот гол за 3:1. Трошка надеж на Жирона ѝ врати Ерик Гарсија во 75. минута намалувајќи на 2:33.

Жирона имаше две добри шанси за израмнување на самиот крај, но Артем Довбик и Џон Ромеро не беа прецизни.

Со оваа победа Билбао се зацврсти на петтата позиција со 49 бодови, само два бода помалку од четвртопласираниот Атлетико Мадрид.

Реал Мадрид води со 62 бода, Жирона има шест бода помалку, а трета е Барселона со 54 бодови.

– Реклама –

Поврзани вести