Жителите на Општина “Илинден“ не сакаат Македонија да стане Северна

Заканите и притисоците на власта не поминуваат кај скопјани? Жителите на Општина “Илинден“ вчера не излегоа на маршот за Северна Македонија, па автобусите кои беа испратени за таа цел празни се вратија на паркинг.
Двата автобуси кои од ЈСП ги изнајми владеачката гарнитура за бесплатно да ги однесе жителите на Општина “Илинден“ на маршот за прекрстување на државава во Северна Македонија остаа празни и се вратија на паркинг.
Во нив немаше кој да се качи, жителите на “Илинден“ , очигледно, не се ЗА потпишаниот Договор од Преспа и за промена на нашето уставно име, кое патем никаде не се спомнува освен влезот во ЕУ и НАТО.
Уште еден доказ дека народот не е наивен и не се лаже лесно – останува да размислат тие кои се убидуваат тоа да го направат

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.