ЖРК Вардар го договорил трансферот на голманката Лејно

Раководството на ЖРК Вардар СЦБТ, го договори трансферот со голманката на француската репрезентација Амадин Лејно, пренесуваат специјализираните ракометни портали.27-годишната Лејно, дресот на ЖРК Вардар ќе го носи од следната сезона, таа само ќе ја зголеми конкуренцијата на голманската позиција каде вардарки веќе ги имаат искусната Ина Суслина и Нигина Сидова.Лејно, во моментов е членка на романската Олчим В’лчеа, но по завршувањето на сезоната реши да го напушти клубот кој се наоѓа во тешка финансиска состојба.Лејно за француската репрезентација има одиграно 131 натпревар, а пред Олчим осум сезони беше членка на Мец.Лејно е уште еден дел од ’дрим тим’ мозаикот на ЖРК Вардар, во тимот во преодниот рок пристигнаа Да Роча и Бегоња Фернандез, како и македонските репрезентативки Драгана Пецевска и Билјана Црвенковска, а но новата сезона боите на клубот ќе ги бранат и Андреа Лекиќ и Јованка Радичевиќ.
МакфаксРаководството на ЖРК Вардар СЦБТ, го договори трансферот со голманката на француската репрезентација Амадин Лејн

Пронајдете не на следниве мрежи: