Забавен рецепт кој ќе го обожаваат и дечињата – овошен „помфрит“ со здрав, сладок сос

Понекогаш е потребно само малку имагинација со цел „здодевните“ продукти да ги претворите во забавни. Овој рецепт е толку едноставен, а ве уверуваме дека и покрај насловот не подразбира никакво пржење, готвење или пак дополнителни калории.
Само здраво овошје и сладок сос кој се подготвува од исто така здрави состојки. Подгответе овошен „помфрит“ со сладок сос.
Потребни состојки:
1 мала лубеница
1 мала диња
1 свеж ананас
За слаткиот сос потребно ви е:
1 шолја грчки јогурт
¼ шолја кокосово млеко
¼ шолја путер од кикиритки или путер од бадеми
¼ шолја мед или јаворов сируп
¼ лажичка цимет
1 лажичка екстракт од ванила


Начин на подготовка:
Исечкајте го овошјето како на фотографиите, во облик на тенки стапчиња со еднаква должина, слично на помфрит.
Измешајте ги сите наведени состојки за слаткиот сос и оставете го во фрижидерот околу 15 минути да се олади заедно со овошјето.
Сервирајте го овошјето во голема чинија, а слаткиот сос ставете го во средината и – време е за макање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.