Забавна пролет во џинс + пруги

Една проверена комбинација која секогаш функционира и никогаш не ни здосадува е спојот на џинс со принт во пруги.
Во опуштени секојдневни прилики, парот џинс + пруги, е секогаш добредојден избор кога немате идеја што да облечете.


Доколку ви дозволува и атмосферата на работното место и вашата работна позиција, тогаш овој пар може да го вметнете и во вашите деловни комбинации, со тоа што може да одберете елегантна кошула во пруги во комбинација со џинс со висок струк и чевли на потпетица.


Во оваа комбинација може да ставите акцент на модните додатоци, па во тој контекст одберете марама во принт со интензивни бои, чанта со впечатлив дезен или накит со што ќе му дадете свој печат на аутфитот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.