Забите не треба да се мијат веднаш по јадење бидејќи забите и непцата омекнуваат за време на оброкот, па полесно може да се оштетат доколку веднаш ги триеме со четка. Експертите советуваат да се почека од 30 до 40 минути.
Стоматолозите, исто така, препорачуваат кафето да се испие што е можно побрзо, а не подолго од 20 минути бидејќи на тој начин за овозможува повеќе време за кофеинот да ги уништи непцата и бојата на забите.
Експертите советуваат и забите секогаш да се мијат одвоено, а не за време на капење или туширање, бидејќи тоа е процес на кој треба да се посветиме.
Исто така, не се препорачува пирсинг на јазик ниту џвакање мраз, бидејќи и двете работи ги оштетуваат непцата и забите и можат да предизвикаат испаѓање на пломбите.