Заболените од шеќер се сомневаат во квалитетот на терапијата

Откако корисниците на инсулин од Струга се пожалија на квалитетот на терапијата што ја добиваат, денеска преку својот Фејсбук профил се пожали и новинарот Саше Димовски.
-Не се само стружани еве и јас. Јадев во 12, ставив 10 единици кристал, а резултатот 16,4 и тоа од јулското пакување кое го добивме во ампули, а не во пенкала, пишува Димовски.
Граѓаните од Струга пред камерите на АЛСАТ телевизија изјавија дека се сомневаат во т.н паралелен увоз.


„И јас го имам истиот проблем, каде при боцкање мене ми покажува висока вредност. Дали е до апаратчето или нешто друго, но ми покажува висока вредност на квалитетот на инсулинот и во медицинсиот центар кога ќе давам крв. Но штом покажува висока вредност при боцкање нешто не е во ред.Треба да се преземе нешто“, вели за Алсат Иво Дукоски- претседател на здружение на дијабетичари, Струга.


„Јас земам инсулин „Ново микс“ веќе 20 години, но во последно време инсулинот не ми помага. Двапати земам, по 34 единици наутро и 34 навечер, а попладне земам плус таблета за шеќерот. Квалитетот на „нова микс“ е многу слаб , сменет е во целосно не е тој ново микс како порано. Овој инсулин што го земаме не е квалитетен, не помага. Мене како личност не ми помага“, реагира Минир Зиба, пациент од Ливада.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.