Како што велат постарите од нас, доколку редовно го пиете овој здрав ферментиран напиток, може да доживеете длабока и убава старост.
Професор д-р Воислав Перишиќ говорел за волшебниот лек којшто се прави од диво овошје кое го има наесен. Овој напиток се смета за вистинска витаминска бомба.
Кои предности од овошјето се добри за цревата и како влијаат на зачувување на имунитетот?
„Овошјето е преполно со антиоксиданти. Антиоксидантите се значајни затоа што му помагаат на организмот во борбата против проканцерогените материи. Затоа тие се дар на природата и треба редовно да ги консумирате.
Што значи диво овошје? Да нема пестициди, да не е третирано со хемикалии. Смесата мора да има јаболко и крушка, калинка, глог… Сето тоа се става во еден сад, ставете доволно вода и оставете го да отстои покриено три седмици,а потоа може да почнете да го пиете како напиток. Колку течност ќе потрошите, толку може да надополните, долевајќи свежа вода“, наведува д-р Перишиќ.
Д-р Перишиќ препорачува во напитокот да се додаде малку мед или шеќер доколку децата одбиваат да го пијат.
„Мала количина мед нема да пречи, напротив, таа енергија добро ќе ви дојде, особено наутро“, вели докторот. Исто така докторот советува наесен да се јаде многу печена тиква која исто така може да ја прелиете со мед.
„Тиквата е одлична и за правење напитоци, само треба да биде добро сварена и ставена во блендер. Додадете и во неа сок од јаболко поради тоа што тоа е преполно со антиоксиданти, а го подобрува и вкусот на напитокот“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.