Забранет влез на македонски државјани од Хрватска во Србија, поради КОРОНА вирусот

Согласно вчера донесените мерки на српската Влада за забрана за влез на странски државјани кои доаѓаат од жариштата на вирусот Ковид-19, од преминот „Батровци“ на границата на Србија со Хрватска денеска се вратени дваесетина автомобили со околу 50 патници, меѓу кои повеќето македонски државјани кои работат во северниот дел на Италија.

Тамошните гранични служби користат средства за заштита, дури и заштитни костими.

Во Србија од вчера, привремено се укинати летовите од земјите кои се жаришта на вирусот, меѓу кои се Италија и Швајцарија.

И на аеродромите е слично, патниците не можат да ја поминат граничната контрола, каков што беше случајот вчера, кога од нишкиот аеродром беа вратени сите странски државјани кои пристигнаа во Србија од италијанскиот град Бергамо.

Прочитајте на оваа тема и следново:

Директорката заболена од коронавирус уште пред една недела била пријавена од колеги на кои им се заканила со откази!

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

ИНФОГРАФИК ЗА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ТУКА!!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.