Загаденоста руши рекорди- канцерогените ПМ 10 честички и 7 пати над дозволеното

Загаденоста на воздухот повторно станува актуелно, со топењето на снегот, смогот станува главен проблем на граѓаните, нивото на канцерогени ПМ 10 честички оди и до 7 пати над дозволеното. Мерните станици во главниот град мерат ПМ 10 честички над 300 микрограми на метар кубен. Кај Ректорат мерната станица покажува 330 микрограм на метар кубен, таа во Центар 331, додека таа во Карпош 312.


Загаденоста на воздухот е иста и во внатрешноста на државата, имено во Кичево загаденоста изнесува 389 микрограм на метар кубен, слична е ситуацијата и во Миладиновци и во Струмица.
Загадениот воздух е голем проблем за граѓаните, во периодот пред нова година, кога загаденоста достигнуваше бројки како и сега болниците беа преполни со луѓе со срцеви и белодробни проблеми.
Граѓаните го изразуваа својот револт кон власта, велејќи дека иако нејзините претставници ветуваа почист воздух откако ќе ја преземат власта, две години потоа нема ништо од ветеното, а загаденоста е дури и поголема.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.