Луѓето кои се изложени на повисоки нивоа на загадување на воздухот во текот на целиот живот имаат поголем ризик од развој на Алцхајмерова болест.
Нова студија од Американскиот универзитет Емори истакнува дека загадувањето на воздухот делува директно врз мозокот, а не индиректно преку хронични болести како што се хипертензија, мозочен удар и депресија, кои се исто така фактори на ризик за деменција.
Најсилната поврзаност помеѓу загадувањето и Алцхајмеровата болест е забележана кај луѓе кои претходно имале мозочен удар. Тим истражувачи го споредиле нивото на изложеност на фини честички (PM2,5) со инциденцата на Алцхајмерова болест и улогата на три вообичаени коморбидитети. Фините честички се особено опасни бидејќи можат да навлезат длабоко во белите дробови и крвотокот, а главни извори вклучуваат издувни гасови од возила, термоцентрали, индустриски активности, шумски пожари и согорување на дрво или фосилни горива во домаќинствата.
Авторите на студијата нагласуваат дека долготрајната изложеност на фини честички го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, хипертензија и нарушувања на менталното здравје. Истражувањето, објавено во списанието PLOS Medicine, анализирало податоци од повеќе од 27 милиони луѓе над 65 години. Светската здравствена организација (СЗО) постави глобални цели за намалување на фините честички до 2030 година, а планот за 2025 и 2040 година предвидува намалување од 50 проценти на смртните случаи предизвикани од загадувањето на воздухот во споредба со 2015 година.
Според СЗО, повеќе од 55 милиони луѓе ширум светот живеат со деменција, а Алцхајмеровата болест сочинува до 70 проценти од случаите. Околу 12,1 милиони луѓе со деменција се регистрирани во Европа во 2025 година, при што жените се најпогодени, со околу 66 проценти од случаите.
The post Загадувањето на воздухот предизвикува опасна прогресивна болест: Шокантни резултати од истражувањето за труење appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



