Загинаа сите членови на екипажот во падот на воен авион во Русија

Сите седум членови на екипажот на авионот Антонов Ан-22 „Антеј“, кој се урна денес во Ивановската област во Русија , загинаа, соопшти Истражниот комитет на Русија.

Според извештаите, покрената е кривична постапка за кршење на правилата за подготовка на летот, пренесува РИА Новости.

Руските медиуми претходно денес објавија дека воен транспортен авион со седум члена на екипажот се урна во регионот Иваново, североисточно од Москва.

„Според прелиминарните податоци, авион Ан-22 се урна во регионот Иваново“, изјави утрово локален функционер, а потврдено е дека во леталото имало седум лица, пренесува агенцијата ТАСС.

Авионот Ан-22 тргна на пробен лет по поправките.

Несреќата се случила во близина на резервоарот Увод, а фрагменти од авионот биле забележани во водата.
The post Загинаа сите членови на екипажот во падот на воен авион во Русија appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: