Загина олимписки шампион во едрење

Британецот Ендру Симсон, двократен олимписки шампион во едрење, го загубил животот кога неговиот катамаран се превртел во заливот Сан Франциско.До несреќата дошло за време на тренингот за Американскиот куп, а Симсон бил дел од  шведскиот тим Артемис рејсинг.Симсон бил дел од 11-члениот екипаж на катамаранот „AC72“ кој се превртел за време на тренингот.Бродот кој се превртел е специјално изработен катамаран долг 22 метри и кој може да достигне брзини и до 40 чворови, односно 75 километри на час.Од американската крајбрежна стража сеуште не ги знаат причините за несреќата, а според портпаролката на пожарникарската служба, несреќата се случила околу 13 часот по локално време.Службата на итната медицинска помош невреме стигнала на местото на несреќата, а кога Симсон и уште еден негов колега биле извлечени од водата тие можеле само да ја констатираат смртта на олимпискиот шампион, вториот едриличар е надвор од животна опасност.Ендру Симсон е носител на златен олимписки медал од Игрите во Пекинг во 2008 година, на олимпијадата во Лондон тој заедно со спортскиот директор на Артемис, Ијан Перси го освои сребрениот медал.Британецот Ендру Симсон, двократен олимписки шампион во едрење, го загубил животот кога неговиот катамаран се превртел

Пронајдете не на следниве мрежи: