Загрижувачки податоци доаѓаат од целиот свет, а се однесуваат на младите луѓе кои добиваат корона: СИТУАЦИЈАТА Е СЕРИОЗНА!

Најмалку еден од секој петти пациент на возраст меѓу 18 и 34 години, кои се примени во болница поради инфекција со коронавирусот, ќе завршат на интензивна нега и секој десетти на крајот ќе биде интубиран и поврзан со респиратор.

Ова е заклучок на американски научници кои ги анализирале податоците од Соединетите држави, а нивното истражување потврдува дека и младите се подложни на потешки форми. Иако помладите често не покажуваат сериозни симптоми на коронавирус, тоа не значи дека нема да развијат компликации што можат да бидат дури и фатални.

Дури 21 процент од нив морале да бидат примени на интензивна нега, а 10 проценти биле интубирани, односно завршиле на респиратор. Многу дебели млади луѓе со индекс на телесна маса над 40 и оние со хипертензија имале повеќе од двојно поголем ризик од смрт, додека ризикот бил скоро двојно поголем од оние со дијабетес.

Приближно две третини (63 проценти) од пациентите со пневмоторакс преживеале, особено оние помлади од 70 години, додека кај постари пациенти стапката на преживување е помала, околу 42 проценти. Пациентите со пневмоторакс имаат три пати поголема веројатност да бидат мажи отколку жени, но шансите за преживување не се разликуваат меѓу половите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.