ЗАГРИЖУВАЧКО ТВРДЕЊЕ НА АЧКОВСКА | СРЕДНОШКОЛЕЦОТ Е ОТРУЕН

Проф. д-р Виолета Ачкоска, македонски историчар и универзитетски професор, денеска на својот фејсбук-профил сподели шокантни сознанија кои ја вознемирија јавноста.

ЗАГРИЖУВАЧКО ТВРДЕЊЕ НА АЧКОВСКА | СРЕДНОШКОЛЕЦОТ Е ОТРУЕН

Во нејзината објава тврди дека има неколку сомнителни смртни случаи на млади луѓе, ученици, на кои наводно им била ставена дрога во кафуле.

„Дали некој знае дека денес се погребува гимназијалец отруен од дрога ставена во пијалок во кафич. Дали некој знае уште за неколку слични случаи на деца, кои по халуцинација се фрлат од 5-ти спрат и слични самоубиства.. Можеби некој знае, но не оваа јавност која се’ уште е „траурна“ од смртта на малата Тамара, нека почива меѓу ангелите“, напиша професорката на социјалните мрежи.

Ова нејзино излагање предизвика бурни реакции. Граѓаните бараат да не се прикрива вистина, а институциите да не молчат, туку веднаш да истражат дали се точни овие наводи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.