четврток, 12 ноември 2026
Најново

Заев за Инфомакс: Не градам никаква кула во Дубаи, тоа е целосна невистина!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Откако поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук од Будимпешта објави дека поранешниот премиер Зоран Заев „започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи“, Заев за Инфомакс ги демантира ваквите тврдења.

Колку треба човек да е забеган во умот да кажува и тврди вакви глупости. Суетните само чекаат да се фатат на вакви будалаштини за да си ја залечат суетата. Заеви вработуваат преку 1.000 луѓе во Македонија. Така било пред да бидам во политиката, така било додека сум бил во политиката, така е и сега после повеќе од три години како трајно сум заминат од политика. Не градам никаква кула во Дубаи, тоа е целосна невистина, вели Заев во демантот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Груевски претходно на Фејсбук напиша дека:

„Заев веројатно во моментот е многу горд на себе во овие денови кога според информациите започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи, инвестиција од над 600 милиони евра. Најголем дел од парите за оваа инвестиција се проневерени преку масовниот рекет како никогаш во постоењето на Македонија и со злоупотребата на власта во времето на неговото владење, пари во готовина и потоа пренесени со приватен авион во Дубаи и ставени на банкарска сметка. “

Поврзани вести