четврток, 12 ноември 2026
Најново

Заев и Курц: Расте економската соработка меѓу Австрија и Северна Македонија, а имаме и заедничка обврска да ја обезбедиме европската иднина на Западен Балкан

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања Никола Димитров оствари билатерална средба со австрискиот канцелар и домаќин на Самитот за Западен Балкан во Виена, Себастијан Курц.

Премиерот Заев упати благодарност за огромната поддршка на Австрија за Северна Македонија и за европската иднина на целиот регион и го охрабри канцеларот Курц да продолжи со извонредниот и посебен ангажман со што ги мотивира граѓаните на земјите кандидатки да останат фокусирани на европските цели и во исто време ги поттикнува и потсетува земјите членки да ги исполнат своите ветувања кон земјите од Западен Балкан.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Крајно време е Северна Македонија да ги започне преговорите со ЕУ и да ја интензивира сопствената и регионалната европеизација преку отворањето на поглавјата низ преговорите, е една од заедничките констатации од разговорот.

Заев и Курц изразија задоволство од видливиот раст на австриските инвестиции во Северна Македонија и од големиот интерес за нови економски соработки и проекти во областите обновливи извори на енергија, инфраструктура и здравство.

Поврзани вести