На гостувањето во “1“ ТВ премиерот Заев рече дека ние сме добиле ветување дека овој јуни би можеле да добиеме датум, ако ги исполниме четирите точки-Судство, Јавно обвинителство, безбедносни структури, корупција. Тој, исто така, додаде дека досега се сме исполниле, и заедно со опозицијата се гласало за овие реформи.
Минатата година во јуни, истиот премиер Заев говореше нешто друго, категорично потврди дека Македонија добила датум за преговори и дека ЕУ донела историска одлука.
Заев јуни 2018: Добивме датум за преговори
Заев април 2019: Добивме ветување дека овој јуни би можеле да добиеме датум
И, сега, каде е вистината? Добивме датум за преговори или добивме ветување дека овој јуни би можеле да добиеме датум. Можеби некаде на половина пат, како што обично бива, или уште подобро-што добивме, а што изгубивме?



