Премиерот Зоран Заев го напушти Собранието, и замина во Владата на Република Македонија. Тој пред камерата на ТВ“21“ кажа дека се прават напори да се обезбеди мнозиство. На прашање до каде е седницата, тој одговори дека е само гостин и дека на Собранието е да одлучи.
-Тука сум само гостин, и на Собранието е да одлучи. Се прават обиди да се обезбеди мнозиство. Секако тоа да биде во нормални околности, рече Заев.
Инаку покрај сите шпекулации кои проструија денес најнова информација е дека седница, сепак, ќе има и ќе започне во 21 часот.


