Заев по разговор со еден од преживеаните: Страшна трагедија, најголем дел од загинатите се млади луѓе- имало наши граѓани, но и од Србија

Премиерот Зоран Заев, кој заедно со министрите за здравство и за надворешни работи, е заминат за Софија каде ноќеска се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа најмалку 45 лица, во изјава  вели дека разговарал со еден од преживеаните кој го информирал дека се слушнала силна експлозија.
– Во контакт сум со премиерот Стефан Јанев кој веќе ги посети луѓето. Имав прилика да разговарам со еден од преживеаните. Тој објасни дека спиеле во автобусот која се слушнала силна експлозија. Успеале да скршат еден од прозорците и да се спасат неколку луѓе. За жал, другите не успеале. Се работи за страшна трагедија заради тоа што најмногу се деца- 12 деца се помали од 18 години, а и другите се млади луѓе на околу 20-30 години. Најголем дел се наши граѓани, но има и од Србија, изјави Заев.
Веројатно, како што рече, се враќале од екскурзија, но сепак деталите за ова дополнително ќе се утврдат.
– Се уште не ги знаеме сите информации бидејќи насочени сме кон преживеаните, да видиме дали се добри, дали некој е во животна опасност. Ќе ги дознаеме првичните информации од бугарските служби, а потоа ќе се утврди кои биле дестинациите од кои се враќале, како и сите преостанати детали, вели Заев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.