Заев провоцира и го поткопува Преспанскиот договор!

По вчерашните обвинувања на грчка „Иефимирида“ дека македонскиот премиер провоцира со изјавата дека македонскиот јазик ќе се предава и во училиштата во Грција согласно Преспанскиот договор, денес се јави и „Катимерини“ пишувајќи дека изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев за „Македонци“ во Грција кои ќе имаат право да учат на „македонски“ јазик предизвикала незадоволство во Атина. Каменот на сопнување или суштината на реакциите во основа е иста-македонскиот јазик. И додека „Иефимирида“ пишува дека Заев провоцира со изјавата дека во Грција ќе се предава македонски, “Екатимерини“ се надоврзува со зборовите-Заев го поткопува Преспанскиот договор.
Заради тоа до портпаролот на Владата во Скопје, Миле Бошњковски, биле упатени три прашања: Дали Заев зборувал за „Егејски Македонци“, второ, дали спомнал право да го учат својот јазик во Грција и трето дали Владата на Заев верува дека Преспански договор подразбира постоење на „македонско“ малцинство во Грција.
Бошњаковски, кој нагласил дека „со учеството на нашата земја во ЕУ, македонскиот јазик, кој според договорот припаѓа на јужнословенските јазици, ќе стане официјален јазик на ЕУ, средство за комуникација и за меѓусебно разбирање“, одговара:
„Преспански договор дава можност за пријателство и стратешка соработка меѓу двете страни и, исто така, ѝ дава можност на нашата земја за членство и интеграција во НАТО во ЕУ”, додавајќи дека  „истовремено, Преспански договор го потврдува основниот принцип дека не треба да има мешање во домашните работи на двете земји, а тоа се потврдува и со уставните амандмани“.
„Катимерини“ потсетува дека претходно заменик-министерот за надворешни работи Јоргос Катругалос истакнал дека Атина очекува Скопје „целосно да го почитува духот и содржината од Преспанскиот договор во реалната содржина на одговорот на уставната ревизија на обврските на другата страна “.
Според „Катимерини“ загриженост изразил и лидерот на опозициската “Неа демократија“, Кирјакос Мицотакис, според кој барањето да се предава македонскиот јазик во Грција претставува ставање темели за барање за признавање на македонското малцинство во иднина и повтори дека “Н.Д.“ нема да го ратификува договорот од Преспа ни во овој ни во некој иден состав на Парламентот.
Исто така со жестока реакција се признела и претседателката на КИНАЛ, Фофи Генимата:
„Според господинот Заев, наскоро ќе учиме наводен македонски јазик во грчките училишта. Голем успех, господине Ципрас. Историски е вашиот договор“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.