ЗАЕВ: САД ИСПРАТИ СЕРИОЗНА ПОРАКА ДО СИТЕ ПОТКОПУВАЧИ И МРЧАТОРИ

ЗАЕВ: САД ИСПРАТИ СЕРИОЗНА ПОРАКА ДО СИТЕ ПОТКОПУВАЧИ И МРЧАТОРИ

Премиерот Зоран Заев е среќен што уште на самиот почеток на мандатот, претседателот на „првиот и најголем стратешки партнер на Република Северна Македонија“ – Соединетите Американски Држави, испратил фокус и внимание кон Западен Балкан, потоа фокус и внимание кон вредностите за кои се залага оваа Влада, но истовремено и силна порака порака кон сите поткопувачи на овие демократски вредности.

„Кога оваа порака од САД, од најсовршената демократија, така да ја кажам, пример за сите, ја испраќа оваа чиста порака, тоа за нас е сериозна порака на охрабрување, но и на дополнителна  мотивација дека сме на вистинскиот пат, дека тоа е патот по којшто целиот демократски свет очекува да се развива иднината за сите земји, па така и за нашата демократска земја, за нашата република.

И во едни такви околности, навистина е испратена порака и за еден куп негатори, мрчатори, поткопувачи, блокатори и слично во државата, дека ова е пресериозна работа за да може некој да си прави политикантство на нездрави основи“, изјави Заев.

Според премиерот, со потпишувањето на Бајден на Извршната наредба со која на црна листа на САД и со замрзнат имот ќе завршат сите што на овој или оној начин (поткопување на постигнатите спогодби или корупција) го дестабилизираат Западниот Балкан, САД покажуваат дека прават сѐ што е во нивна моќ против ваквите дестабилизатори.

„САД, преку претседателот Бајден, испратија порака кон сите поткопувачи на овие демократски вредности дека навистина тоа што може САД да го направи – а тоа е да блокира сметки таму или да забрани патување на другите, коешто не е малку, срамот некој нека го носи па нека му е со здравје ако се обидува и понатаму тоа да го прави – така да дефинитивно имаме ветер во грб сите коишто веруваме во демократијата, слободите, но и отклонувањето на девијантните појави во општеството“, додаде Заев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.