Заев се сретна со Папата: Помолете се за доброто на Северна Македонија

Во рамките на програмата на апостолската посета на Неговата Светост и прв свештеник на Католичката Црква, папата Франциск и премиерот Зоран Заев остварија одделна заедничка средба. На средбата уште еднаш беше потврдена вековната духовна врска меѓу папската држава и нашата земја воспоставена со мисијата на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, и со чествувањето на нивното дело што секоја година заеднички се прославува во Рим и Ватикан.
На средбата премиерот Заев порача дека оваа Апостолска посета е инспирација за народот на Северна Македонија и го замоли папата да се помоли за доброто на граѓаните и на земјата.
На средбата беше истакната заложбата Република Северна Македонија да ја продолжи својата афирмација како земја на заедништво и толеранција следејќи го примерот на делото на Светите Кирил и Методиј, кои во 1980 година Ватикан ги прогласи за покровители на Европа.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.