Заздравувањето на еврото кон доларот пред Велигденските празници

Еврото зајакна во четвртокот во однос на американскиот доларот на меѓународните девизни пазари пред Велигденските празници, откако релативно мина мирно првиот ден од работењето на кипарските банки по 12-дневната пауза со новите мерки за контрола на капиталот.Еврото во ваквата атмосфера на пазарите зајакна во однос на американскиот долар за 0,42 отсто, на 1.2832 долари. Со тоа отскокна од најниското ниво во последните четири месеци од 1,2759 долари, на коешто се сима во средата. Единствената европска валута беше во незначителен плус во однос на јапонскиот јен и со неа се тргуваше по 1,2076 јени. Доларот, пак, во однос на јенот ослаби за 0,2 процента, на 94,21 јен.Инвеститорите во четвртокот внимателно го следеа почетокот на работењето на банките на Кипар откако тие останаа затворени од 16-ти март до 28-ми март. На сила стапија и новите мерки за контрола на движењето на капиталот за да се спречи навалицата на штедачите како и одливот на капиталот во странство.Иако со тоа беше избегнато масовното повлекување на парите од кипарските банки со тоа што подигнувањето на готовината на шалтерите на банките и на банкоматите е ограничена само на 300 евра дневно, по лице и по банка, плаќањата и трансферите кон странство не можат да преминат пет илјади евра месечно, а патниците кои заминуваат од Кипар можат да изнесат само до три илјади евра, некои аналитичари сметаат дека ограничувањето на слободното движење на парите на Кипар не е добар потег за еврозоната во целина.Еврото со постојните вредности е на пат да го заклучи кварталот во загуба во однос на американскиот долар од околу 3 отсто,, што би бил прв тримесечен минус од вториот квартал во минатата 2012 година. Само во март еврото загуби 1,9 процента од својата вредност, губејќи на вредноста втор месец по ред.Единствената европска валута во средата накратко го забележа најниското ниво во последните четири месеци во однос на доларот, погодена од стравувањата на инвеститорите дека пакетот меѓународна финансиска помош би можел да послужи како модел за санации на банките и во другите паднати во криза земји членки на еврозоната.Загриженостите околу Кипар, продолжената политичка неизвесноста во Италија околу неможноста да се формира влада и слабите економски изгледи за еврозоната и натаму ќе продолжат да го притискаат еврото, сметаа повеќето аналитичари во анкетата на Reuters.„Економската и монетарната унија повеќе не функционира во целата еврозона. Иако Кипар е многу мала земја, подготвеноста на политичарите привремено да ги запрат задграничната конвертабилност на еврото е значаен негативен сигнал за еврозоната“, вели за агенцијата Џорџ Саравелос, валутен стратег во „Deutsche Bank“.Притисокот на еврото деновите покрај Кипар го генерираа и вестите за растот на трошоците за италијанското задолжување во условите на продолжената политичка пат позиција во земјата по февруарските парламентарни избори.Пазарите во Европа и САД утре на Велики петок не работат.
МакфаксЕврото зајакна во четвртокот во однос на американскиот доларот на меѓународните девизни пазари пред Велигденските праз

Пронајдете не на следниве мрежи: