Заздравување на еврото од загубите по италијанските избори

Еврото во вторникот се опорави во однос на доларот на меѓународните валутни пазари, бидејќи инвеститорите повторно се решија на купувања на единствената европска валута откако нејзиниот курс се лизна на најниските нивоа во последните седум седмици, поради ставот дека политичката пат позиција во Италија че предизвика проблеми од пошироки размери во целата еврозона.

 Еврото во таквата атмосфера на тргувањето на пазарот на кус период достигна 1,.3119 долари, со што отскокна од 1,3018 долари, најниското ниво во последните седум седмици, на коешто претходно се спушти. Потоа еврото се стабилизираше на 1,3100 американски долари, што значи дека било во позитива од 0,3 отсто во однос на затворањето на тргувањето во понеделникот.
Единствената европска валута зајакна и во однос и на јапонскиот јен, и тоа за 0,4 отсто, на 120,39 јени . Со тоа се држи во близината на најниското ниво во последните 30 дена од 118,74 јени, на кое се спушти во понеделникот кога го забележа најголемиот дневен процентен губиток од почетокот на мај 2011 година.
Американскиот долар зајакна за 0,22 отсто во донос на јапонскиот јен, на 92 јени. Со тоа останува недалеку од најниското ниво во последните речиси 30 дена од 90,85 јени, на кое се спушти во понеделникот.
Залетот на еврото би можело да има кус век, сметаат некои валутни стратези, имајќи предвид дека пат политичката ситуација произлезена од парламентарните избори што се одржаа во неделата и понеделникот во Италија, што се заканува со долг процес на формирање влада што, пак, може да сета пречка за продолжување на економските реформи во третата по обем економија во еврозоната и може да донесе нова криза во зоната на употреба на единствената европска валута.
Нерешениот изборен резултат во Италија, може да предизвика и стравувања во врска со другите презадолжени членки на еврозоната, особено Шпанија, Односно, може д асе постави прашањето дали кризата во еврозоната го допрела дното.
„Продолжена е неизвесноста во врска со изборите во Италија, додека пазарите настојуваат да одгатнат како политичката пат ситуација ќе биде отстранета, што го притиска еврото и другите италијански имот”, вели за Reuters, Џереми Стреч, челник на одделот за валути анализи во компанијата CIBC.
Макфакс
Еврото во вторникот се опорави во однос на доларот на меѓународните валутни пазари, бидејќи инвеститорите повторно се

Пронајдете не на следниве мрежи: