среда, 11 ноември 2026
Најново

Законот за ново министерство усвоен од Собранието

Со двотретинско мнозинство денес  Собранието ги усвои Законот за Влада и Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што се отвора патот на новото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Законот предвидува трансформирање на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор во ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.
Според предлагачите потребата за прераснување на Секретаријатот во Министерство, произлегла од тоа што Рамковниот договор бил веќе надминат, и дека сега ќе се работи на негова имплементација. Законот беше најавен во септември, а во декември минатата година беше усвоен на владина седница.

Пронајдете не на следниве мрежи: