Денеска ви претставуваме рецепт за закрепнувачка и здрава пилешка чорба од ѓумбир која ќе ви ја врати силата по напорниот работен ден.
Потребни состојки:
– 80 гр. резанци за супа
– лажичка маслиново масло
– 1/2 главица кромид, исецкана
– лажичка рендан ѓумбир
– еден исецкан морков
– 2 лажички соја сос
– 2 коцки за пилешка супа
– едно чешне бел лук
– една шолја грашок
– 50 гр. исецкано пилешко бело месо
– една шолја соино млеко
– малку босилек
Начин на припрема:
1. Во големо тенџере, загрејте го маслото. Додадете го исецканиот кромид и динстајте додека не омекне, а потоа додадете го ѓумбирот и морковот и динстајте уште неколку минути.
2. Во топла вода разматете ги коцките за супа, додадете ги во тенџерето и додадете го соја сосот, а потоа оставете да зоврие.
3. Додадете го пилешкото месо и грашокот, намалете ја температурата и продолжете со готвењето додека месото не омекне. На крајот додадете ги резанците и соиното млеко и гответе додека не омекнат, а потоа ставете го босилекот, добро промешајте и послужете.