ЗАМЕНИК ДИРЕКТОРОТ НА АЕРОФЛОТ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА И ЈА НАПУШТИ ДРЖАВАТА

Заменик директорот на водечката руска авиокомпанија „Аерофлот“, Андреј Панев, изјави дека поднел оставка и ја напуштил земјата.

Панов, кој беше задолжен за маркетинг, на социјалната мрежа Фејсбук напишал дека „заврши животот што некогаш го имал“.

Руските медиуми претходно јавија дека и извршниот директор на „Аерофлот“, Михаил Полубојаринов ја напуштил земјата, но подоцна компанијата демантираше.

Компанијата е тешко погоден од западните санкции кон Русија поради нејзината инвазија врз Украина.

Западните земји забранија летови на компанијата и забранија испорака на резервни делови, а оваа мерка важи и за другите руски авиокомпании.

„Аерофлот“ одговори на санкциите со прекин на сите летови во странство.

Пронајдете не на следниве мрежи: