четврток, 26 ноември 2026
Најново

Заминаа заедно во смрт: Синот на музичарот кој го возеше автомобилот се опрости со потресни зборови и видео од својот татко

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Музичарот Мирсад Кериќ кој управуваше со автомобилот во кој загина пејачот Шабан Шаулиќ вчера им подлегна на повредите откако претходно беше на апарати по добиените тешки повреди.
Неговиот син Денис Кериќ на својот Фејсбук профил објави емотивни фотографии и видео од кое се опрости од својот татко.

-Со длабока тага ве информираме дека нашиот драг татко Мирсад Кериќ по борбата со живот почина на 18 февруари во 23 часот на клиниката во Белфелд. Следните денови ќе објавиме кога ќе се одржи погребот во Офенбах, напиша синот на починатиот музичар.

-Ти благодарам за се што ме научи во животот и за целата љубов која ми ја пружи. Никогаш нема да биде никој таков човек каков што беше ти. Ти си неизмерен! Почивај во мир, те сакаме сите и никогаш нема да те заборавиме.

Поврзани вести