ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ: ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ЗАДОВОЛНИ, БИЗНИСОТ ЗАГРИЖЕН

Листата на производи чии цени ќе се замрзнат може да се прошири ако Заводот за статистика утврди дека и во ноември имало покажување на цените, најави министерот за економија, Крешник Бектеши.
Дел од компаниите кои произведуваат масло пак предупредуваат дека ако замрзнувањето на цените трае подолго од два месеци, ќе настане проблем со набавка на нови количини.
„Ние мораме да ја почитуваме одлуката на Владата и среќа што имаме обезбедно некоја залиха за два месеци од нашата продажба, така што за овој период ќе издржиме, ама веќе цените на суровото масло се повисоки и после тоа ќе биде проблем за набавка на нови количини односно ќе се прават големи загуби, што значи – ќе биде проблем да се увезува сурово масло.“ – вели Коста Ташков – директор на „Брилијант“ .
Сепак министерот за економија, Крешник Бектеши не очекува дека замрзнувањето ќе има негативни влијанија врз економијата, туку ќе придонесе за заштита на стандардот на граѓаните.
„Претходната година кога донесовме иста ваква одлука немаше негативни влијанија врз економијата генерално. Можеби имаше намалување на профитите на одредени сектори, но немаше луѓе што изгубија работни места, немаше компании што го намалија прозиводството, значи ние внимаваме на сите овие параметри кога носиме вакви одлуки.“ – изјави Крешник Бектеши – министер за економија.
Бектеши најави дека можно е и да се прошири листата на прозиводи чии цени ќе се замрзнат, доколку заводот за статистика регистрира покачување на цените и во месец ноември. За опозициската ВМРО-ДПМНЕ мерката е задоцнета и требаше да се донесе пред да поскапат производите во малопродажба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.