Николо Заниоло и официјално е нов играч на Галатасарај, италијанскиот фудбалер стана најскапиот трансфер во историјата на турскиот фудбал.
Рома го потврди трансферот на Заниоло во Галатасарај.
„Рома може да потврди дека беше постигнат договор со Галатасарај за Николо Заниоло. Напаѓачот го комплетираше трансферот во турскиот клуб“, стои во соопштението на римската волчица.
Галатасарај за овој трансфер ќе плати 16,5 милиони евра, плус 13 милиони во бонуси. Заниоло потпиша четиригодишен договор за плата од 3,5 милиони евра по сезона.
Во договорот Заниоло има откупна клаузула од 35 милиони евра.