Запечени тиквички со јајца

2 поголеми тиквички
3 домати
2 пиперки
копар
100 мл млеко
70 г кашкавал
50 мл хопла
2 јајца
сол и мелен црн пипер
Измиениот зеленчук исечкајте го на кришки. Во круг редете ги парчињата тиквички, пиперки и домати во сад за печење намрсен со масло. Посолете и зачинете со црн пипер. Наросете копар и рендан кашкавал.
Во сад измешајте ги изматените јајца, млекото и хоплата, и зачинете. Прелијте го зеленчукот и печете 40-тина минути на 200 степени или додека зарумени.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.