Потребни состојки:
1 килограм спанаќ
Бешамел сос
40 г путер
3 лажици брашно
60 г млеко
Мускатно оревче
Сол, бибер
Начин на подготовка:
Убаво измијте и исчистете го спанаќот. Ставете го да се исцеди и излади. Откако ќе се излади, исцедете го остатокот на водата и исечкајте го на крупни парчиња.
За бешамел сос: ставете путер и пропржете го брашното и потоа додајте млеко. Постојано мешајте за да не загори, а потоа зачинете по вкус.
Тргнете од оган, додајте спанаќ и промешајте. Додајте и рендан кашкавал и оставете уште 50 г за одозгора.
Премачкајте ја тавата со масло и додајте го спанаќот, сосот и кашкавалот.
Наросете со остатокот од кашкавалот и ставете во рерна да се запече. Печете околу 20 минути.