недела, 15 ноември 2026
Најново

Запленети еден тон марихуана во една од фирмите на кои им е одземена лиценцата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во една од фирмите на кои и е одземена лиценцата за одгледување на канабис за медицински цели е запленет еден тон марихуана. Станува збор за фирмата Гринлајф од валандонското Јосифово.
Фирмата се занимава со одгледување зачински, ароматични и лековити растенија, како и растенија за употреба во фармацијата.
Заплената, како што информира Министерството за внатрешни работи, е дел од континуираните акции за запирање на илегалната трговија со дрога.

Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција соопшти дека на шест фирми кај кои се утврдени нерегуларности им се одземени лиценците, најавувајќи дека ќе биде извршена контрола во сите 43 правни субјекти кои се занимаваат со одгледување на марихуана за медицински цели.
Покрај Гринлајф, без лиценца останаа и „Алфафарм“, „ЦБД медплант“, „Лајфплант“, „Атафарм“ и „Канабидоис“. Дел од нив се вмешани во случајот со шверц на петте тони марихуана извезени во Србија.

Поврзани вести