Запленети 453 штеки цигари и 200 килограми тутун без документација близу тетовскиот пазар

Од МВР информираат дека при извршена контрола во Тетово, полицијата пронашла 453 штеки цигари и 199 килограми тутун без документација, по што биле уапсени шест лица на возраст од 37 до 66 години.

-На 20.05.2024 во периодот од 12.00 до 14.30 часот на улица „Маршал Тито“ во близина на Зелениот пазар во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово презедоа мерки и активности за сузбивање на недозволени активности по Закон за акцизи и Кривичниот законик. При контролата, од слобода се лишени И.И.(59) од с.Камењане, тетовско, Р.И.(66) од с.Ларце, тетовско, Н.М.(59) од с.Селце, тетовско, Р.С.(46) од с.Горно Палчиште, тетовско, Р.А.(37) и Б.З.(64), двајцата од Тетово, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „избегнување на плаќање акциза“ по член 279-б од Кривичниот законик- велат од МВР во соопштението.

Имено од МВР информираат дека сите шестмина се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им бидат поднесени соодветни пријави.

Пронајдете не на следниве мрежи: