четврток, 12 ноември 2026
Најново

Запленет косовски автобус специјално адаптиран за шверцување

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Автобус со косовски регистарски таблички е запленет на граничниот премин Деве Баир специјално конструиран и прспособен за криење стока, информираат од Царинската управа.

Автобусот извршува редовен превоз на патници на релација Истанбул-Приштина.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„При извршената контрола во делот на просторот за багаж на автобусот во горниот дел со отстранување на завртките на дрвена даска e откриен простор кој не е фабрички и е продолжен за 10 см по целата должина на багажниот простор на автобусот, што претставува специјална направена преграда (бункер). Автобусот е запленет, а до надлежниот суд ќе биде поднесена соодветна пријава до возачот на автобусот, инаку косовски државјанин, заради прекршување на царинските регулативи“ соопшти Цраинската управа.

Поврзани вести