Запознајте ја првата манекенка со Даунов синдром

Пред четири години, Розен Стјуарт присуствувала на модна ревија во австралискиот град Бризбејн. Насред гламурозниот настап на манекенките, нејзината ќерка Меделин која има проблеми со говорот, се свртела кон неа и ѝ кажала дека сака да биде модел.
46-годишната Розен дотогаш ја доживувала својата ќерка како помалку “машкуданска” девојка која игра фудбал со момчиња и се изненадила од нејзиниот избор, но одлучила да ја поддржи во нејзината намера, пишува “Reuters”.


Досега прошетала на повеќе од 60 модни ревии
21-годишната Меделин денес е првата манекенка со Даунов синдром која прошетала по модната писта во текот на престижната модна недела во Њујорк. И тоа не ѝ било прв пат – досега прошетала на повеќе од 60 модни писти во Лондон, Париз и Дубаи, а фактот дека е личност со инвалидитет воопшто не се покажал како препрека. 
“Кога за прв пат застана на модната писта, сите од публиката ѝ се воодушевуваа. Тоа беше прв пат таа да биде прифатена”, вели Стјуарт. По овогодишната њујоршка модна недела, каде Меделин носела облека од седум модни брендови, таа се припрема за модната недела во Лондон.
Светот на модата, од модните списанија па се’ до дизајнерите, во последно време се’ повеќе ги прифаќаат нетрадиционалните манекенки кои не се исклучиво бели и слаби.


“Морам да кажам дека ситуацијата се подобрува, особено за Меделин”, вели нејзината мајка.
Денот ѝ започнува со здрав појадок
Како и повеќето модели, така и Меделин го започнува својот ден со здрав појадок, а за ручек го консумира нејзиното омилено јадење – пилешко на скара во тортиља.
“Доколку нема пилешко во тортиља, таа јаде сендвич од пилешко кое баш и не го обожува. Сака тортиља”, додала Розен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.