Заразениот Пехчевец со потресен статус на Фејсбук, кој треба сите да не освести.
Почитувани Пехчевчани мои сограѓани.
Ми фрлифте анатема за корона вирусот, ме издвојувате од заедницата и ме предавате на милост или божји суд. Читам најразлични коментари од исмејување, цинизам, па дури и непристојности. Ги ширите вашите негативни коментари побрзо и од корона вирусот, а некои и дури како да чувствуваат задоволство.
Ќе ви раскажам што всушност се случи, како поука за секого и пример како да се однесувате ако се посомневате дека сте го добиле овој вирус. Нормално во епидемиолошката анкета треба ретроградно да го вратите филмот со кој сте контактирале, кај сте биле, со кого сте се задржале повеќе од 15 минути итн.
Во последните 20 дена знам дека мојата релација на движење била Здравствен дом Пехчево, дома и клиниките во Скопје каде како должност и работа носевме пациенти на кои им требаше вистинска помош и никаде на друго место. Тоа значи дека вирусот е добиен од некоја пациентка која бил сместен на некоја од клиниките кај што ги сместував нашите пациенти (дезинфекција на раце, носење маски и ракавици и да не зборувам). Несакав да ги посетам ни моите родители дека се во ризична група, а знаејќи каква работа работам.
Кои и да е никој не сака да го пренесол вирусот и не постои начин како да се одбраните, а кога ќе го добиете, наместо да се браните од вирусот кога ви е најтешко, Вие се браните од коментарите на сите оние кои барем еднаш во животот имал потреба од здравствените работници.
Пред 6 дена во неделата почувствував малаксалост и мал напад на треска кој траеше 30 мин .Имав температура 37.4 ја излечив со Парацетамол. Наредниот ден утрото инсистирав да ми се направи тест за присуство на корнона вирус. Многу показатели ми покажаа на бактериска инфекција. Со тоа решив да се тестирам за да ги заштитам колегите, пациентите мојата фамилија и сите граѓани се самоизолирав без препорака со договор до моите колеги кои ми ги земаа смените на работа.
Отидов во четврток за да се тестирам во јавно здравје Кочани кои иако се осеќам добро резултатот се покажа како позитивен. Чувството дека мора да исклучам евентуално постоење на кога се покажа дек сум корона позитивен.
Од сево ова почитувани сограѓани извлечете заклучок: Колкава била мојата совест за да спасам многу луѓе и пациенти со кои би се среќавал во текот на денот. Мој совет за сите Вас – со оглед на тоа дека болеста има 4 клинички слики (лесна средна тешка и најтешка) при најмал сомнеж за добивање на овој вирус, бидете упорни, тестирајте се, за да исклучите негово постоење. Само така ќе спасите многу животи. Моја обврска е да спасувам животи, спасив многу животи на поинков начин.
Направете го и Вие тоа. Ќе бидете херои.