Вистинска љубов изби меѓу Ина Савинцева од Кировскиот регион и Даниил Парфенович од Краснојарск во текот на евакуацијата на руските граѓани од кинескиот град Вухан во руски Тјумен, пишува порталот на телевизиската станица „Ѕвезда“.
„Ме придоби така што не ја почувствував вообичаената граница меѓу луѓето во комуникацијата. Човек од креативното милје, тоа е супер. Ги делиме истите животни вредности и перспективи, само што кај мене се работи за музика, а кај него за бизнис и фотографија“, рече Ина.
Откако пристигнаа во карантин, бидејќи беа распоредени во различни соби, во текот на двете недели разговарале само преку социјалните мрежи. Нивната прва средба во Москва треба да се случи наскоро.
„Би сакал наскоро да дојдам во Москва да ја видам Ина и да поразговараме, да бидеме заедно без да обраќаме внимание на ништо друго“, рече Даниил.