четврток, 12 ноември 2026
Најново

Засилен сообраќај, најмногу се чека на „Богородица“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Зголемен број возила се регистрира на патиштата низ земјава, особено на делниците надвор од населените места, а поголема фреквенција на возила има и на граничните премини, информира Автомото сојузот на Македонија.

На ГП „Табановце“ се бележи задржување од околу 30 минути при излез од Македонија, додека, пак, најголемо чекање има на ГП „Богородица“, каде возачите и патниците во моментов се задржуваат околу еден час.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања при влез или излез од државата.

Сообраќајот на државната патна мрежа генерално се одвива без поголеми проблеми, а коловозите се суви и проодни.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината кон условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Се препорачува дополнително внимание при движење низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои ризик од појава на одрони.

Поврзани вести