Засладените пијалаци го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања

Жените кои пијат еден или повеќе засладени пијалаци дневно, имаат повеќе од 20 проценти поголема веројатност да развијат кардиоваскуларни заболувања, тврдат истражувачите.
Во споредба со жените кои никогаш не консумираат засладени пијалаци, како што се газирани пијалаци, засладена вода, чаеви и овошни пијалаци со додаден шеќер, жените кои пијат еден или повеќе такви пијалаци на ден, имаат 26 проценти поголема веројатност да мораат да поминат постапка на реваскуларизација или ангиопластика за да ги прочистат запушените артерии.
Истражувањата исто така покажаа дека жените кои пијат еден или повеќе засладени пијалаци дневно, имаат 21 процент поголема шанса за мозочен удар.


„Нашата хипотеза вели дека шеќерот може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни заболувања на неколку начини. Шеќерот ги зголемува нивото на гликоза во крвта и нивото на инсулин, а тоа може да го зголеми апетитот и да доведе до дебелина, што е главен фактор на ризик за срцеви заболувања“, рече главниот автор Шерил Андерсон.
Студијата опфати повеќе од 106.000 жени со просечна возраст од 52 години на кои не им беше дијагностицирана срцева болест и кои немаа мозочен удар или дијабетес. Жените откриле што и колкави количини пиеле.
Болничките податоци биле користени и за да се утврди дали жените претрпеле срцев удар, мозочен удар или запушена артерија.
Жените со најголем внес на засладени пијалаци биле помлади, поголем број на оние кои во моментов консумираат цигари, кои се дебели и кои, меѓу другото, јадат помалку здрава храна.
Исто така, постојат разлики врз основа на видовите засладени пијалаци што ги консумирале жените.
Конзумирање на еден или повеќе овошни пијалаци со додаден шеќер на ден е поврзано со 42 проценти поголем ризик од развој на кардиоваскуларни заболувања.
Исто така, истражувањето покажало дека консумирањето на газирани пијалаци секој ден резултира со 23 проценти поголем ризик од развој на кардиоваскуларни заболувања во споредба со оние кои ретко или никогаш не пијат засладени пијалаци.
„Премногу шеќер во крвта е поврзан со оксидативен стрес, воспаление, отпорност на изолин, нездрав холестерол, дијабетес тип 2, состојби тесно поврзани со развој на атеросклероза, бавно стеснување на артериите кои го предизвикуваат повеќето кардиоваскуларни заболувања“, заклучи Андерсон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.