Постојат неколку движења кои ви помагаат добро да спиете, иако на некои им е тешко да ги воведат во своите вечерни рутини.
Сепак, постои една вежба за која не ви е потребна опрема. Освен тоа, одлична е за почетници, како и за оние кои се понапредни. Исто така, не само што помага ако не можете да заспиете, туку и ако имате немирен сон.
Оваа вежба идеално е да ја изведете кога веќе лежите на кревет. Значи, лежете на грб (без перница) и поткренете ги колената во насока кон градите, колку што можете. Ставете ги рацете под колената – цврсто, сè додека колената не ги допираат градите.
Освен што ги намалува болките, оваа вежба го опушта и грбот. Останете во оваа положба и неколкупати вдишете и издишете. Сконцентрираје се на дишењето.