Застрашувачкиот филм за пандемијата десет години подоцна ќе добие продолжение

Десет години по премиерата на „Contagion“, филмот ќе добие продолжение. Режисерот Стивен Содерберг изјави дека подготвува „филозофско“ продолжение на филмот, а партнер во новиот филмски потфат повторно е Скот Барнс, сценаристот на филмот од 2011 година.
За овој филм многу се дискутира во последнава година, а неговото злокобно дејство ги исплаши сите, не само теоретичарите на завери.
Според изјавата на Содерберг, новиот филм нема да биде директно продолжение на претходниот, туку ќе има слични идеи и теми.

„Contagion“ е снимен со буџет од 60 милиони долари, а заработи 136,5 милиони на светско ниво. Филмот заврши токму онаму каде што сме сега ние, вакцините за респираторниот вирус сè уште се во развој, но неколку од нив веќе почнаа да циркулираат низ светот.
Се чини дека нема подобар тајминг за најавата на нов филм со оваа тематика.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.