Вчера околу 08:00 часот во Клиничкиот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“во Скопје починал А.К. (37) од Скопје.
Станува збор за осуденик во Казнено-поправната установа Идризово, кој од 12.05.2018 година бил хоспитализиран на Клиниката за гастрологија.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.