четврток, 12 ноември 2026
Најново

Затворен олимпискиот стадион во Рио

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Олимпискиот стадион во Рио де Женеиро ќе биде затворен поради проблеми со кровната конструкција, рекол градоначалникот на Рио, Едуардо Паес.Тој истакнал дека стадионот кој е дом на фудбалскиот клуб Ботафого и местото на кое ќе се одржуваат натпреварите во атлетика на Олимписките игри во 2016 година ќе биде затворен „додека проблемот не биде решен“.„Стадионот, ако треба ќе биде затворен и една година, односно се додека проблемот не биде решен“, рекол Паес.Градоначалникот на Рио прецизирал дека градот не можел да ја ризикува безбедноста на навивачите, поради што е и донесена одлука за негово привремено затворање.Стадионот во Рио де Женеиро нема да биде во употреба за Купот на конфедерации во јуни 2013 година и за натпреварите кои ќе се играат на Светското првенство во 2014 година.Стадионот „Жоао Авеланж“ официјално беше отворен во 2007 година за потребите на Панамериканските игри и важеше за еден од најмодерните стадиони во Јужна Америка.Градските власти имаа намера, за потребите на ОИ во 2016 година да го зголемат капацитетот чии капацитет изнесува 47.000 места.Олимписките игри во Рио де Женеиро во 2016 година ќе се одржуваат во периодот од 5. до 21.август.
МакфаксОлимпискиот стадион во Рио де Женеиро ќе биде затворен поради проблеми со кровната конструкција, рекол градоначалникот

Поврзани вести