Затворски полицаец натепан од осуденик

Затворски полицаец кој контролирал во една од работилниците во затворот „Скопје“ бил натепан од затвореник.

Неофицијално, затвореникот одбил да изврши наредба и спречил службено лице во вршење на службени дејствија
„На 24.04.2023 во 16.20 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека, по претходна расправија, осуденикот Р.П. физички нападнал припадник на затворската полиција“, велат од МВР.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.